Ова не е кола ова е ЅВЕР: Еве што се има новото возило на Обама


Лимузината на Барак Обама не се нарекува без причина “ѕвер”. Меѓутоа, и покрај сето ова изгледа дека треба навистина да се внимава по која патека се движи ова возило.

Инаку, иако не се работи за стандарден модел на Cadillac, сепак одредени извори тврдат дека се работи за Cadillac од 2009-тата година, кој всушност не е ниту еден одреден модел. Многу детали за ова возило се чуваат во најголема тајност, но се претпоставува дека за него се земени делови од Cadillac DTS, STS, Escalade и GMX Topkick. Возилото го придвижува 6.5-литарски дизел мотор.avtomobilot-na-obama-08.png

Лимузината на Обама поседува и сопствен авион кој е управуван од страна на тајни служби и кој го пренесува секаде каде што треба да оди претседателот. Истиот е секогаш и стратешки паркиран за да создаде препрека помеѓу Обама и насобраниот народ.

Масивниот кадилак има врата која е тешка колку и вратата на кабината на еден Boeing 757. Каросеријата е прекриена со слој чија дебелина изнесува осум инча, а резервоарот за гориво е отпорен на експлозии. Под возачкото седиште е сместено и оружје.avtomobilot-na-obama-07.png
Тежи исто колку еден мини авион

Лимузината на Барак Обама е нова и побезбедна верзија на лимузината со која се возеше Џорџ Буш. Нејзината должина изнесува пет ипол метра а тежината иако се чува во строга тајност, се претпоставува дека изнесува околу 9070 килограма. Создадена е од мешавина од челик, алуминиум, титаниум и керамички влакна, додека долниот дел на автомобилот е зајакнат со челични плочи чија дебелина изнесува 13 сантиметра. Вратите се исто така изработени од челик дебел 20 сантиметра, а тешки се како и вратата на кабината на еден Boeing 757. Гумите се практично неуништливи, додека прозорците трпат удари и од противпанцирни проектили. Резервоарот за гориво е изработен од армиран челик и е обложен со специјална пена која спречува експлозија.

Може да издржи удар на астероид

Оваа лимузина е многу повеќе од само специјално изработена лимузина за Барак Обама. Ова е најбезбедниот автомобил за најмоќниот човек на планетата. Можеби и не изгледа премногу убаво за око, но е толку безбедна што е во состојба да издржи и удар на астероид.avtomobilot-na-obama-05.png

Резервна крв за Обама и неговите најблиски

Претседателската лимузина е подготвена да се одбрани од секаков вооружен напад, па дури може да издржи и хемиски удар, а тука за секој случај се и боците со кислород и резервната крв за Обама но и неговите најблиски. Ако дојде до било каков обид за напад, патниците во лимузината се вооружени и можат да прифатат борба и се бранат со испалување на солзавци. “Ѕверот” на Обама има камера со ноќни сензори, а лимузината ја управува исклучиво само проверен кадар на ЦИА. Автомобилот е тромав, па максималната брзина која што може да ја развие е 100-тина километра на час и тоа го постигнува за 15-тина секунди. Но, затоа пак троши речиси 40 литра дизел на 100 километра.

avtomobilot-na-obama-20 Тастер за паника

Единствениот прозорец кој се отвора, и тоа 7.62 сантиметра, е кај возачот, како тој би можел евентуално да плати патарина или да разговара со агентите на тајните служби кои трчаат покрај автомобилот. Во задниот дел се наоѓа седиште за четири личности пред кои има стаклена преграда која само Обама може да ја спушти. Тастерот за паника е инсталиран така што претседателот би можел да побара помош кога и да му е потребна.

avtomobilot-na-obama-06.png
Седиштето на Обама содржи и претседателски пакет кој се состои од работна површина на склопување, лаптоп компјутер со бежична локална компјутерска мрежа, најсовремен сателитски телефон и директна линија со Пентагон и со заменик претседателот. Ова практично значи дека кабината е еден вид на најсофистицирана подвижна канцеларија.

avtomobilot-na-obama-09.png

Во багажниот простор се сместени залихите на кислород и противпожарниот систем. Гумите се појачани со кевлар – вид на исклучително отпорен синтетички материјал. Отпорни се на распаѓање и продупчување, со челичен венец на фелните, што овозможува автомобилот да се движи и со полна брзина дури и ако гумите се разнесени.

Иако оваа информација е исто така строго чувана тајна, се проценува дека цената на овој автомобил изнесува околу 1.500.000 долари.avtomobilot-na-obama-02.png
“Ѕверот” не е сам

Се смета дека тајните служби поседуваат уште неколку вакви слични возила. Иако не се знае дали се функционлано потполно идентични, некои од нив повеќе наликуваат на Cadillac DTS отколку на самиот “ѕвер”. Останатите лимузини се користат за странски дипломатски претставници и ВИП гости кога тие се во посета на Вашингтон.

Сепак, иако изгледа како “ѕвер”, со оваа лимузина мора да се внимава по која траса се одвива движењето. Една од незгодите која се случила токму поради вакво невнимание е настанот пред американската амбасада во Даблин. Публиката пред амбасадата била особено возбудена кога го здогледала масивното возило, но кога “ѕверот” не успеал да излезе од дворот на амбасадата, луѓето започнале и помалку да се потсмеваат.

Точка.ком.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1