По партискиот состанок ДУИ го објави списокот на предлог министри за новите министерства во кои ќе има свои кадри.
Имињата се исти со оние за кои се шпекулираше во текот на денот, освен за министерството за информатичко општество каде дополнително ќе биде одлучено кој ќе го води.
„Во кампањата рековме дека ова е напредок за еднаквост за подобар живот и за иднината за сите. Токму оваа цел ја постигнавме заедно и го заокруживме историскиот договор за раководење во заедничка влада. Нашата цел беше да се постигне еднаквост. Се потриудивме да ги убедиме и другите партии на Албанците да не поддржат, но тие не одговорија на нашата покана и за ова ми е многу жал. Јас сум посветен дека Албанците треба да имаат конструктивен опозициски глас.“, изјави вечерва Ахмети.
Ова се кадровските решенија:
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби
Талат Џафери останува собраниски спикер.