Ова се последните зборови на убиената Кајла Милер


Властите на САД ја потврдиле смртта на хуманитарката Кајла Мулер, која воедно е последната жртва од американските заложници за кои беше познато дека биле киднапирани од страна на терористичката група ИСИС.
kajla ubiena isis

Оддавајќи и почит, американскиот претседател Барак Обама изјавил дека “таа го претставувала сето она што е Америка”. Нејзиното семејство, скршено од тага, ја примило информацијата за нејзината смрт, притоа во јавноста објавувајќи го и нејзиното последно писмо кое што го напишала во текот на заробеништвото.

Во писмото кое што го напишала во 2014 година, Кајла Мулер се обидела да го смири своето семејство, истакнувајќи дека со неа се однесуваат со голема почит и внимание. Напишала дека секој ден се моли и се труди во се да види добро. “Мама секогаш ми говореше дека на крајот, единственото нешто што навистина го имаме е Бог”.

“Можам да го пишувам ова писмо само дел по дел, а самата помисла на сите вас ме тера на плачење. Знам дека би сакале да останам силна. Тоа всушност и го правам”, напишала во писмото сега веќе убиената Мулер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1