Ова се убиените во Козле – живееле комотен живот, а не работеле – Ги ликвидирала ли мафија?


„Јави ми се итно на другиот телефон“- вака гласела последната смс порака која стасала на телефонот на убиената Ѓулчин Ерчобан. Испраќачот бил од Турција. Полицијата дел по дел го сложува мозаикот за двојното убиство на мајката и синот во скопско Козле. Но случајот крие многу мистерии.

Егзекуторот вешто ги замаскирал и трагите,oд куќата не зел ништо што дополнително ја отежнува истрагата. Делувал во мрак, ги одвртел светилките, жртвите ги посипал со брашно. Од полицијата велат дека мајката и синот во Бурса биле невработени, а живееле комотно. Дали се поврзуваат со илегални активности, се чека одговор од турската полиција..

52 годишната Гулчин е убиена на спиење, додека нејзиниот 29 годишен син е усмртен до креветот, додека се пресоблекувал откако се вратил од прошетка со сопругата.

Останува енигма –  зошто ги посипал телата со брашно? Сакал ли да испрати порака за тоа што го сторил ноќта, тивко без сведоци и очевидци?ubieni kozle

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1