Ова се убиените во Злетово – одел од куќа до куќа и пукал – еден убиен е пазарен инспектор


Откриен е идентитетот на трите лица кои утринава беа убиени на две локации во пробиштипско Злетово.

Soobrakajci-policija

Како што дознава порталот Курир, во семејниот дом, од зетот за ќерка, убиени беа сопружниците Илија М. (65) и Јана М. (63). 40 годишниот Драган Манаилов утрово околу 7 часот го убил 50- годишниот маж Методи М. кој бил инспектор во Државниот пазарен иснспкторат.

Потоа осомничениот заминал кон куќата на родителите на неговата сопруга и  ги убил Илија М. (65) и Јана М. (63) по што се дал во бегство.
Неофицијални информации велат дека Драган веќе имал започнато бракоразводна парница со својата сопруга. Токму таа најверојатно и го пријавила случајот во полиција. Според информациите и таа била во домот на нејзините родители кога се случило убиството, но во друга соба.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек. Полицијата се уште трага по сторителот кој е во бегство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1