Возачот на БМВ-то: Го бакнав Милош во чело и го затворив багажникот


„Милош ми беше најдобар пријател. Таа ноќ инсистираше да се превезе во багажникот, бидејќи во автомобилот немаше место за сите. Малку пред несреќата застанав и го отворив багажникот за да проверам како му е и дали може да се вози така. Не знам зошто, но го бакнав во чело и го затворив багажникот“, вели за српски Курир возачот на БМВ-то, Душан Јовановиќ.

milos-avtomobilot500

Со овие зборови, 19 годишниот Јовановиќ ја опиша последната средба со неговиот најдобар пријател 20-годишниот Милош Јанковиќ, кој, неколку минути подоцна со нивниот автомобил влета во Дунав. Јанковиќ бил затворен во багажникот.

Освен Милош, загина и 17-годишната Анастасија Стајиќ, која била во врска со Милош и нивниот другар 18-годишниот Немања Антиќ. Од автомобилот успеале да се спасат Душан Јовановиќ, Милица Јокиќ, како и синот на водителката Оља Бечковиќ, Лука Вишњиќ.

Автомобилската несреќа се случила во саботат утрото, полициските нуркачи возилото го пронашле на околу 15 метри од местото каде тоа слетало во реката Дунав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1