Деветнаесетгодишниот Душан Јовановиќ кој управуваше со БМВ-то кое летна во водите на Дунав, при што животот го загубија неговите
Тој непрекинато плачел и велел дека не сака да живее.
– Ги убив своите пријатели, како ќе живеам, подобро да умрев заедно со нив, постојано низ солзи извикувал Душан.
Од притворот за српски Курир откриле дека откако е притворен, Душан е во тешка психичка криза.
– Не спие, одбива храна, запаѓа во хистерија и не престанува да плаче. Кога ќе се смири само гледа во една точка и потоа пак почнува да вреска. Свесен е дека тој е одговорен за смрта на неговите пријатели и не може да се помири со тоа, изјавил изворот.