Тие се минијатурни грини кои се во сродство со пајаците,а живеат на вашето- лице! Научниците се уште не се сигурни како тие грини се пренесуваат од човек на човек, но една од теориите е дека мајката ги пренесува на детето со доењето.
Може да се случи некои од помладите луѓе да ги немаат, но кај возрасните и мртвите луѓе, тие се наоѓаат во 100 отсто од случаите.
Научниците сега се обидуваат да ја решат мистеријата за тоа како луѓето воопшто се здобиле со овие паразити во текот на нивната еволуција, но се претпоставува дека тие се прилично долго со нас.
Помеѓу испитуваните лица, научниците во 100 отсто од случаите покажале дека овие паразити живеат на вашето лице, така што сега кога го читате ова осумногалки грини се движат по вашите образи, носот, челото …
Новата студија утврдила дека овие грини не се видливи за окото, но се наоѓаат на сите тестирани лица.
Нивниот дом бил пронајден во фоликулите на на нашата коса и станува збор за Demodex foliculorium i Demodex brevis. Станува збор за два различни вида на паразити на лицето кои се хранат со маслата кои ги излачува нашата кожа. Во текот на ноќта, кога е темно, тие од нашата коса се симнуваат на нашите лица.
– Всушност се многу слатки. Со осум ситни нозе изгледаат како тие да пливаат во масло. Тоа е како да имате постојано покрај себе нераздвоен пријател. Сознанието дека сите ги имаат, и не предизвикуваат никакви проблеми е многу охрабрувачко – вели студентката Меган Томс од Универзитетот во Каролина, која работела на студијата.
Курир.мк