Јајца
Јајцата во фрижидер слободно можат да стојат три до четири дена по истекот на рокот на употреба. Како старее јајцето го губи квалитетот, па ако планирате да матите белки за некој колач, големи се шансите дека нема да излезат како што очекувате. Во тој случај најдобро е да користите свежи јајца.
Како да знаете дека јајцето не е свежо? Наполните длабок сад со вода и ставете ги јајцата внатре. Свежото јајце веднаш ќе потоне. Ако плута, тоа е знак дека е расипано и веднаш фрлете го.
Житарки за појадок
Кутиите со житарки за појадок вообичаено имаат ознака “Рок на употреба до хххх”, а се работи за конзервативна претпоставка на производителот дека тој производ и понатаму има ист квалитет до наведениот датум. Но тие житарки ќе бидат свежи и безопасни за јадење и до три месеци по истек на рокот на употреба.
Јаболка
Јаболката ставете ги во пластична кеса на која ќе направите неколку дупки за да циркулира воздухот и ставете ги во фрижидер. Јаболката ќе бидат свежи и добри и по три недели.
Салама
Фабрички пакуваните и неотворени салами можете да ги чувате и до две недели по истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето.
Јогурт
Јогуртот кој се држи во фрижидер може без опасност да с користи барем уште 10 дена по истекот на рокот на употреба. Но, видете сметка да не се смени вкусот.