Оваа порака била причината поради која Хитлер се самоубил


Нацистичката порака била продадена минатата недела за 55 илјади долари!

Предавничката телеграма која Херман Геринг му ја упатил на Адолф Хитлер е еден од најважните документи од  Втората светска војна.

23 април 1945 година, Хитлер и многу негови блиски советници биле опколени од страна на советските сили, но не и Геринг кој бил многу близок со Хитлер.pismo hitler

Имено, Хитлер со таен декрет во 1941 година одлучил дека Геринг ќе ги превземе неговите должности ако биде уапсен или убиен.

Малку после полноќ, од нацистичката база во Берхтесгаден,Геринг му испратил телеграма на Хитлер.

Геринг напишал дека доколку во рок од 22 часа не добие никаков одговор, ќе се почувствува слободен да претпостави дека Хитлер е лишен од слобода и дека како последица на тоа, се исполнети условите на декретот.

Сепак, луѓе блиски до Хитлер ја искористиле таа телеграма за дополнително да си поиграат со неговиот ум и да го натераат да го замрази Геринг. Иако Хитлер во почетокот бил апатичен, откако пристигнала уште една телеграма во која Геринг навел дека тој ќе биде наследник на сите негови должности ако не му стигне одговор, ситуацијата се променила.

Лутиот Хитлер во одговорот го обвинил Геринг за предавство и му порачал дека ќе се откаже од санкции ако поднесе оставка на сите функции.

Бесот набрзо се претворил во депресија, како што објаснил Алберт Шпер во својата автобиографија:

„Во ред, Геринг нека одговара за предавството. Ако војната во секој случај е изгубена, не е важно кој ќе го направи тоа, рекол Хитлер.

Шпер тврди дека Хитлер во тие моменти бил при крај со своите сили. Со години бил преоптоварен и ја потиснувал растечката извесност на крајот. На крајот немал повеќе сили за да ја прикрива состојбата во која се нашол и се откажал. Една недела подоцна, Хитлер и неговата партнерка Ева Браун се самоубиле.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1