Оваа учебна година помалку првачињата низ целиот Балкан!


 

Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора оваа година со помалку првачиња. Хрватска е единствената земја од некогашната СФРЈ што годинава ја почнува побогата од минатата.

За разлика од другите земји во регионот, Хрватска веќе втора година по ред бележи раст на бројот на запишани првачиња. Во Македонија оваа година се запишани 20.700 првоодделенци, што е за 780 помалку од минатата година. Во изминатите 10 години Македонија е осиромашена за 40 000 ученици. Според истражувањето на агенцијата Анадолија најдрастичен пад на бројот на запишани првачиња бележи БиХ. И Србија е годинава посиромашна за 1000 првачиња. Во последните 10 години според Анадолија, земјата бележи намалување од 10.000 првоодделенци.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1