Овие деца се сеќаваат на минатиот живот


Кога имала само три години, малечката Сели рекла на своите родители дека нејзиното име е Џозеф. Прво мислеле дека тоа е детска игра, но станало сериозно кога девојчето упорно инсистирало на тоа дека е всушност машко, дека тие не се нејзини вистински родители и дека нејзиниот дом всушност не е нејзин вистински дом.

Таа тврдела дека како Џозеф живеела во мала куќа покрај морето со многу браќа и сестри. Зборувала за бродови, за морето кое во своите три години не го видела. Нејзината приказна била толку убедлива што нејзините родители полека почнале да веруваат во неа.deca reinkarnacija

Нејзиното раѓање било прво изненадување за родителите кои со години неуспешно се обидувале да добијат дете. И додека таткото на Сели не ги земал нејзините зборови за сериозно, нејзината мајка знаела дека детето не се шегува.

Чувствувала дека сеќавањата на нејзиното девојче се вистински. По шест недели постојано повторување дека таа всушност е машко со име Џозеф, девојчето престанало да зборува за тоа, но сеќавањата никогаш не ги заборавила.

Во почетокот на оваа година излегла книга со името „Сеќавања од рајот‟ во која се опишуваат сеќавања на неколку различни луѓе кои докажуваат дека приказната која Сели ја раскажала на своите родители, држи вода.

Според исказот на мајката Зигби Гест од Честер, нејзиниот тогаш 16 месечен син почнал да зборува за друга куќа во која живеел со друга мајка и друг татко.

Американката Сузан Бауер, како што пишува во книгата, не знаела дали да биде загрижена или да се смее, кога нејзиниот три годишен син, врзувајќи ги патиките, рекол: „Порано бев маж, очигледно дека се ќе морам повторно да учам‟.

Ен Мари Гонзалес, уште една мајка од Америка, останала вџашена кога нејзината ќерка сред песна прашала дали се сеќава на пожарот. Мајката потоа го прашала девојчето за што зборува, а таа во детали опишала оган кој ги усмртил нејзините родители и девојчето останало да живее само со бабата Лаура.

Уште едно девојче, кое панично се плашело од звук на сирена, рекла на мајка си дека тој звук ја потсетува на денот кога во нивната куќа дошол непознат маж и ја земал нејзината мајка, која повеќе никогаш не ја видела. Мајка и на тоа и рекла дека таа се уште е тука и дека никој не ја киднапирал. Но, девојчето и одговорило дека мисли на друга мајка, мајка која била пред неа.

Четири годишно дете од САД еден ден гледало омилен цртан филм на телевизија, додека неговата мајка подготвувала ручек. Дошол во кујната и ја прашал дали се сеќава кога тој подготвувал ручек на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон. Мајката се насмеала и одлучила да ја слушне приказната. Го прашала синчето дали и таа била во таа кујна на што детето одговорило потврдно.

„Да, двајцата бевме црни луѓе. Но, јас умрев, не можев да дишам‟ – рекло детето и се фатило за врат.

Сето тоа ја заинтригирало мајката и почнала да истражува кој се работел за првиот претседател. Открила дека неговиот готвач Херкулес имал три деца, Ричмонд, Ејви и Дели. Тоа го кажала на својот син кој рекол дека се сеќава на Ричмонд и Еви, но за Дели не знаел кој е тој.

Претпоставката дека се работи за сеќавања од минатиот живот произлегува од фактот дека децата често знаат во детали да опишат смрт, иако ги сметаме за премногу мали да го знаат тоа.

Постојат илјадници докази од родители чии деца се сеќаваат на своите поранешни животи. Додека некои во сето тоа наоѓаат разумно решение, како тоа дека сето тоа го виделе на телевизија, други веруваат дека се работи за реинкарнација.

Има случаи кои ниту едно разумно решение не може да ги задоволи. Како изјави на деца кои се сеќаваат на свои роднини кои никогаш не ги запознале, луѓе од нивното семејно стебло кои живееле многу одамна што нема начин да знаат за нив, пишува Дејли Меил.

Еден таков пример е Џуди Амсбер која останала бремена по две години откако нејзината мајка доживела спонтан абортус. Своето девојче го крстила Никол, име кое нејзината мајка го сакала за девојчето, кое било родено прерано и умрело.

Кога Никол имала 5 години рекла на својата мајка: „Пред да дојдам во твојот стомак, бев во стомакот на баба ми‟.

Уште неколку родители се сретнале со слични работи, но еден кој е многу чуден е исказ на тригодишно девојче кое на својата мајка рекла дека прво била машко и дека нејзината баба била нејзината мајка, рекла и дека умрела кога имала четири години. Работата да биде уште поморничава, бабата на девојчето имала син кој умрел пред да наполни четири години. Една мајка раскажала на својата ќерка за својата баба со која пораснала, а која умрела пред 50 години. Девојчето непријатно ја изненадило мајката кога и рекла: „Знам, јас сум таа‟.

Некои приказни кои децата ги кажуваат одат чекор подалеку. Така постојат многу сеќавања во кои деца тврдат дека пред да бидат луѓе и да дојдат на земјата, дека летале во облаците.

Џуди Смит раскажала дека се сеќава кога била мало девојче дека рекла на своите родители дека таа сама ги одбрала.

„Бев над Земјата, гледав надолу кон паровите, а потоа еден глас ме праша кои луѓе ги сакам за родители. Гласот ми рече дека тие што ќе ги одберам, тие ќе ме научат на се што треба да знам. Потоа најдов луѓе за кои знаев дека мора да бидат мои родители‟ – рекла Смит.

Најмногу за што децата жалат се крилјата. Тоа го докажува приказната на дете кое еден ден на својата баба се пожалило дека „заборава како е да се лета‟. Друго дете, кога при игра ја скршило раката, ја прашало својата мајка „кога ќе ги добие своите крилја назад?‟.

Своите сеќавања ги памтат неколку години, а потоа ги забораваат. Или почнуваат да ги доживуваат како убав сон. Дали сите некогаш сме биле ангели и дали некогаш ќе ги добиеме своите крилја назад, можеби никогаш нема да дознаеме.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1