Овие јадења никако не смеете да ги подгревате, може да се отруете!


Брзото темпо на живот резултира и со однапред приготвена храна која ја подгреваме, но таа пракса секако треба да се избегнува со продуктите кои поради греењето стануваат токсични.

Некои продукти, при подгревањето, го менуваат својот состав и ги губат своите хранливи својства, а дури стануваат и токсични.

Печурки

hrana22Печурките најдобро е да се јадат веднаш после подготовката, а ако ви останат за друг ден, подобро е да ги јадете ладни. Тоа важи и за супите, чорбите и рижото кои се подготвуваат со печурки. При подгревањето на печурки доаѓа до промена на составот на протеини, па дури и до промена на вкусот на самата храна. Тие тогаш може да предизвикаат разни дигестивни проблеми, а ги губат и своите здравствени предности.

Пилешко месо

Исто како и кај печурките, кај подгревањето на месо доаѓа до промена во составот на протеините. Поради тоа не се советува подгревање на високи температури, особено на пилешкото месо кое содржи повеќе протеини од црвеното месо. Ако тоа сепак го правите, подобро ставете го на пониска температура и подолго време подгревајте го.pilesko-ms-laga-02

Компир

Компирот е многу хранлив продукт кој никако не треба да се подгрева затоа што така ги губи повеќето својства, а дури станува и токсичен. Јадете го веднаш после подготовката или дури ладен – тогаш во него е најголемиот процент на отпорен скроб заслужен за долготрајно чувство на ситост. Ако подготвувате храна за повеќе денови, компирот одвојте го, па дополнително згответе го.kompir mandja

 Целер

Целерот, кој најчесто се користи за супи, задолжително треба да се извади после готвењето, заедно со морковот, и да се јаде свежо подготвен. Тој исто така содржи нитрати. Супата може да ја подгреете ако сте ги извадиле целерот и морковот.

Спанаќ

Спанаќот е храна со висок процент на нитрати, кои со повторно подгревање преоѓаат во нитрити. Тие се потенцијално канцерогени за човечкиот организам, затоа се советува спанаќот да се јаде исклучиво свеж, односно веднаш после подготовката.spanac-pita-suncana2

Репка

Како и спанаќот, репката исто така содржи нитрати кои со подгревање стануваат исклучително штетни. Тоа не значи дека другиот ден не може да ја јадете оваа храна, само што не треба да ја подгревате.

 Јајца

Јајцата се високоризична храна за подгревање која исто така станува токсична поради изложување на висока температура. Тоа не важи за јадењата каде што јајцата се вмешани во сосови, како бешамел, туку се однесува на јадења со готвени или печени јајца, како мусака.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1