Чистата квалитетна вода најчесто зависи од изворот, длабочината, природниот феномен, живите организми и животната средина во која спаѓа и човечкиот фактор. Погледнете ја листата според BBC
На Лефкада се наоѓаат некои од најдобрите грчки плажи. Некои се покриени со чакал, некои со бел песок, но сите имаат една заедничка работа – тиркизно море во кое го гледате дното на повеќе од десет метри длабочина. Тука дефинитивно не мора да се грижите дали при скок со глава ќе се удрите во камен.Езерото Кратер во САД
Формирано е пред 7,700 години, кога вулканот Мазама колабирал по огромна ерупција. Ова е можеби најчистата водена површина на светот, бидејќи се полни од дождовни води и снежни врнежи, нема речни извори кои се влеваат во неговите води, ниту пак е во допир со евентуални загадувачи. Бидејќи Мазама денес се наоѓа во хибернација, гасовите и течностите не влијаат на водата во езерото, како што е случај со останатите вулкански езера.Неверојатно сината боја на езерото е силен индикатор на неговата чистота.Бајкалското Езеро во Сибир
Освен што е најдлабокото езеро во светот, исто така преставува езеро со чиста и квалитетна вода. Езерото има толкав волумен што повеќето загадувачи ги разредува длабоко во своите води.Езерото Восток на Антарктикот
По 30-годишна мисија, руските научници конечно успешно навлегоа во субглацијалното езеро старо 20 милиони години на Антарктикот. Сокриено зад мразот, езерото Восток претходно било недопрено од надворешниот свет. Токму затоа истражувачите предвидуваат дека можно е да биде единствениот, екстремно чист гигантски систем за вода на планетата. Со длабочина од 1.000 метри, ова е третото по ред најдлабоко езеро во светот.Езерото Малави во источна Африка
Ова е второто најдлабоко езеро во Африка. Класифицирано е како светско наследство според Унеско, поради различниот ендемски рибен свет. Ова езеро е живеалиште на најмногу видови риби на светот. Поради длабочината, чистотата на водата е доста голема и токму затоа свежината на езерото е вистински предизвик за нуркачите. Сепак, во езерото постои опасност од инфекција со паразитски црв, така што посетителите кои сакаат да се капат или да нуркаат првин преземаат соодветен лекарски третман.Синото Езеро во Нов Зеланд
Во 2011 година, Националниот Институт за води и атмосферски истражувања во Нов Зеланд ги открија најчистите води во малото Сино Езеро, дел од националниот парк Нелсон. Езерото има длабочина од 7 метри.Езерото Хорниндалсватин во Норвешка
Ова е најчистото езеро во Европа. Длабоко е околу 514 метри, а опкружено е со прекрасни планини, глечери и фјордови. Се полни со топењето на снежните наноси и според еко-системот на езерото, нивото на чистотата на водата резултира со висок квалитет.