Овој човек 14 години го штити Путин од атентати


Актуелниот руски претседател Владимир Путин го запознал на почетокот на 1990-тите, како еден од телохранителите на тогашниот градоначалник на Санкт Петерсбург, Анатолиј Собчак.

Добар телохранител е оној кој е присутен, а не се гледа, би можело да се заклучи по генералот Виктор Золотов, кој веќе 14 години го обезбедува претседателот Владимир Путин, но и покрај тоа, тој постојано е невидлив.putin general telohranitel

Прашање е колку жители на Москва би го препознале на улица, за разлика од, на пример, своевремено генералот Александар Коржаков, кој го обезбедувал претседателот Борис Јелцин – и бил познат речиси како и Јелцин.

Телохранителите на познатите личности би требало да се сенка, која не смее да го „засени објектот за заштита” – но, во 1990-тите, во деновите на криза во Русија, имало моменти кога Јелцин, многу нелогично, се појавувал од сенката на Коржаков. Причина за тоа била конфузијата во власта, и можноста Коржаков да ја искористи својата положба за да се меша во олигарската и кланска политика на Кремљ, што всушност овој полицаец  и се обидел.

Тоа не е пракса која би ја дозволил Путин – две сосема различни улоги, во еден крајно специфичен однос, сосема да се извртат наопаку. Тоа повеќе не го дозволувал ни Јелцин, но дури по скандалот со претседателскиот реизбор во 1996 година.

Професијата чувар на претседателот

Темата телохранител и заштитник е погодна и за роман. Да се биде подготвен да се загине за некој, не може да биде работа, тоа е идеја – рекол еден угледен човек од тој “бизнис”. Верноста од тој тип, не може да се пронајде на “пазарот за безбедносни услуги”, и ако воопшто ги има, веројатно се плод од некое претходно познанство.

Познанството на Јелцин и Коржаков било од тој вид. Пријателството на полицаецот и поранешниот претседател траело долго време, а разделбата тешко ја поднеле и двајцата.

Од друга страна, нема достапни информации за Путин и Золотов – освен тоа дека Виктор е роден во Лењинград, дека е роден од работничко семејство, и дека своевремено работел во фабрика за челик.

Путин го запознал на почетокот на 90-тите, како еден од телохранителите на тогашниот градоначалник на Санкт Петерсбур, Анатолиј Собчак. Путин во тој момент бил заменик градоначалник, но Золотов бил неговиот бокс и џудо спаринг партнер. Наводно, тоа му е денес, со оглед на фактот што шефот на Русија ја одржува спортската форма.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1