Махашта Мураси, кој живее во Варанасија, на северот од Индија, успеа да го привлече интересот на светските медиуми благодарение на неговото неверојатно тврдење!
Имено, овој Индиец ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди доколку успее да се докаже дека има 179 години! Да добро прочитавте!
Мураси наводно е роден во местото Бангалор на 6 јануари 1835 година, а се шпекулира дека постојат документи кои тоа можат да го потврдат.
Старецот цел свој живот работел како питач, поточно до 1957, кога во 122 година конечно заминал во пензија!
„Можеби ангелот на смртта заборавил на мене“, изјавил на шега Мураси. Тој додаде дека живее толку долго што просведочил на смртта на неговите внуци.
Овој повеќе од временски старец нема сериозни медицински проблеми, а да целата приказна биде побизарна, неговиот последен лекар умрел во 1971 година.
Ако се испостави дека годините на Мураси се вистинити, научниците би можеле преку неговиот пример да ја откријат долговечноста.