ПИЕТЕ ЛИ Пепси, Нестле.. Знаете ли колку фетуси сте изеле до сега? Ги има во сокови, чоколади, лекови


Ткива од абортирани фетуси има во газираните сокови, чоколадите, одредени врсти кафе, концентрат супи а се користат и во лекови и вакцини.

Сеномикс од Сан Диего, Калифорнија е биотехнолошка индустрија кој е специјализирана за развој на вметнати ароми во храната и истата е на удар поради наводно користење на човечки клетки од абортирани фетуси со цел да ги тестира својствата на своите разни синтетички ароми. Според извештаите оваа индустрија има многу други опции на располагање за тестирање на таквите состојки кои не вклучуваат морални и етички проблеми поврзани со користење на човечки клетки од абортирани фетуси, но од одредена причина ги игнорирале молбите да престане да ги користи овие тестирања.

На веб страната на Сеномикс објаснуваат дека развиле „пикантен, сладок и солен вкус на состојки кои се наменети со цел да се намали MSG (моносодиум глутамат), шеќерот и солта во храната и пијалоците“.

Но начинот на кој го создала тоа е преку користење на изолирани човечки рецептори за осет за вкус.

„Тоа што тие не го кажуваат во јавност е дека користат HEK 293 – човечки ембрионални бубрежни клетки земени од абортирани фетуси за производство на тие рецептори“ – изјавила Деби Винеџ, директор на CGL (Children of God for Life).

„Тие можеле лесно да го сторат тоа со лабораториски животни или други морално добиени клетки за создавање на Г – протеин за рецепторите за вкус“ – додава таа.

Од CGL изјавуваат дека се обиделе безброј пати да ги контактираат Сеномикс со цел да ја поттикнат индустријата да се префрли на други алтернативни методи на испитување но сепак им биле враќани застрашувачки одговори. Оваа група исто така контактирала и други индустрии „соработници“ како PepsiCo, Kraft Foods, Solae i Nestle. Тие пак помагаат во финансирањето за истражување и развој во Сеномикс.

Campbell Soup исто така е соработник на Сеномикс но набргу откако биле контактирани од CGL, оваа индустрија изјавила дека службено ги прекинала врските со Сеномикс.Корпорацијата без ни трошка етика и морал прави онака како што и одговара за да го зголеми својот профит, велат експертите. Тоа е суровата реалност во која денеска живееме!

Покрај тоа што индустријата користи клетки од абортирани фетуси за тестирање на своите вкусови и самите вкусови се синтетски добиени. Вметнатите засилувачи на вкусот се всушност она што и самото име им значи – лажни. Тие ги намалуваат трошоците за производство на преработена храна, но не овозможуваат прехрамбена корист за потрошувачите.

Владата на Оклахома одамна сакала да го забрани Пепси токму поради користењето на клетки од абортирани фетуси кои се користат во истражувањата на аромата на овој сок.

Со цел да се симулираат различни вкусови во преработената храна, некои производители на храна навистина употребуваат клетки од абортирани фетуси за тестирање и производство на тие вметнати засилувачи, хемикалии што милиони луѓе ги консумираат секој ден.

Сенаторот на Оклахома бидејќи бил загрижен за етичките и моралните импликации од таквите процеси, вовел нов закон со кој се забранува ваквата пракса.

„Постои можност да постојат и други ндустрии кои употребуваат абортирани бебиња во истражувањето и развојот за подобрување на вкусот“, изјавил сенаторот Шорти.

trudnoca001

„Она што сакам да го кажам е всушност, ако тоа навистина се случува тогаш ние никако нема да го дозволиме таквото производство“- додал тој.

Според здружението CGL Сеномикс употребува HEK 293 за производство на своите засилувачи на арома. HEK 293 е код за човечки ембрионални клетки од бубрези со кои се манипулира со цел да се произведат рецептори за вкус и од кои се изолира одреден протеин Г – протеин. Но CGL исто така изјавува дека индустријата може да употребува животни или други повеќе прифатливи методи наместо овој и повторно да ги добива истите резултати.

Иако клетките од абортираните фетуси не се дел од готовиот производ на компаниите PepsiCo, Kraft Foods, Solae i Nestle, таквите клетки се чини дека непотребно играат улога во производството на вметнатите засилувачи на вкусот на храната кои се користат од страна на овие индустрии.

Со оглед на тоа дека постојат и алтернативни методи за ваквите истражувања сенаторот Шорти, CGL и многу други повикуваат на употреба токму на тие начини на производство.

Naturalnews


Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1