ВИДЕО: Од богата земја до проблем на Европа – Пред војната Сирија беше рај, сега е пекол


Од пред пет години, Сирија сите ја знаат по војната што се случува таму и бегалците кои ја преплавија Европа, а малкумина знаат како изгледала оваа држава.CPhIojOUEAAK7Og

Во Сирија, до пред пет години, христијаните и муслиманите живееа сложно. Верските заедници се почитуваа, а тоа беше богата и културна држава, сосема погодна за живот. Пред да биде разурната, Сирија беше урбанистички средена земја.

1. Сирија од секогаш беше отворено општество свртено кон западната култура како ниту една арапска држава.
2. Сирија е единствена арапска држава со секуларен систем. Исламскиот закон е противуставен.
3. Пред граѓанската војна, која почна 2011 година, Сирија беше единствена земја без војни и внатрешни судири.
4. Сирија е единствена која ги прифати ирачките бегалци без дискриминација на политичка или верска основа.
5. Семејството на сирискиот претседател Башар ал Асад припаѓа на алаватите, толерантен огранок на исламот, кои сочинуваат само 12 проценти од населението.

6. Дури пет папи се од сириско потекло. Верската толеранција била еден од темелните вредности на Сирија.
7. Седум проценти од населенито се христијани. Тие можеа да купуваат земја и да градат цркви. Во останатите арапски земји христијанската популација брои под 1 процент.

8. Во Сирија, жените не беа обврзани да се покриваат со вел
9. Сириските жени имаат исто право како и мажите на здравествено осигурување и образование
10. Сирија е единствена која е се уште сопственик на сите нафтени компании. Владата никогаш не сакаше да ги приватизира
11. Сирија има резерви на нафта од 2.500 милиони барели, а може да ја експлоатираат само државните фабрики
12. Сирија не е задолжена во Меѓународниот монетарен фонд/изВор А1Он

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1