Светлата се изгаснати, јадењето послужено и почнува да ви се спие. Како што очите полека ви се склопуваат забележувате дека стјуардесите исчезнуваат една по една од вашиот видик. Дали некогаш сте се прашале каде одат во текот на тие долги летови.
Додека вие очајнички се вртите на вашето седиште во економската класа за да најдете што поудобна позиција, стјуардесите одат во делот на авионот предвиден за нивниот одмор. А каде е тоа?
Тие простории обично се наоѓаат скриени во горниот дел на авионот, но некогаш се во исто ниво каде што се сместени и другите патници.
Како што пишуваат австралиските медиуми, секое прашање упатено до авиокомпаниите во врска со овие простории обично наидува на ледена тишина затоа што се обидуваат тие да останат што е можно повеќе тајни.