Пабло Ескобар главна туристичка атракција во Колумбија (Фото)


Колумбијците одлучија да ја искористат и негативната страна на Колумбија за да направат пари, па освен слоганот “Колумбија: Единствениот ризик е дека ќе сакате да останате” на туристичката понуда се најде и ,,Пабло Ескобар тура,, 

Најбарани се  посета на гробот на озлогласениот крал на дрогата, Деветнаесет години по смртта на Пабло Ескобар од државен непријател број еден се претвори во голема туристичка атракција.

Еден од најпознатите криминалци, според статистичките податоци на колумбиската туристичка организација, е попривлечен од колонијалната архитектура на Карибите или плажите. Затоа сега и официјално градот  нуди “Пабло турнеја” кој вклучува посета на гробот, прошетка до неговата луксузна затворска ќелија и куќата каде што бил убиен.

На една Туристичка агенција и се посреќило па нуди и ,, да минете попладне со семејството Ескобар.” За само 96 $ можете да разговарате со неговите браќа и да прошетате низ луксузната семејна вила.
големо внимание привлече и познатиот имот на Пабло “Hacienda Nаpoles”, каде што се чуваат егзотични животни, и каде тој организирал незаборавни забава, а и местото каде ги давел непријателите во базенот. На имотот има и зоолошка градина и разновидни егзотични животни


од Ескобар профитираше и Националниот музеј на полицијата во Богота, кој има атрактивни работи, како специјалниот “Харли-Дејвидсон”, позлатени пиштоли и маса со скриени прегради.

Пабло беше еден од најбогатите криминалви иако започнал како ситен и сиромашен криминалец, завршил како крал на дрогата, а во 1989 година . беше наречен и седмиот најбогат човек на планетата.
Бил убиен 1993. Отогаш неговото семејство е во правна битка со владата на Колумбија за имотот. Владата презеде на себе поголем дел од богатството и сега управува со имотот на починатиот нарко бос.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1