Падна случајот против Екс директорот на ФЗОМ Тренковски – судот го ослободи


 

Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1, донел одлука да го ослободи поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ѓорѓи Тренковски од обвиненијата за кривичното дело – несовесно работење во службата и злоупотреба на службена положба и овластување, јавува Миа.

Судот утврдил дека обвинението било неосновано.

На Тренковски му е укината и привремената мерка „обезбедување на присуство“ и вратен му е пасошот. Тренковски беше приведен во ноември 2009 година и помина 15 дена во притвор.

По овој случај Тренковски сам се повлече од директорската функција.
Тренковски заработи пријава во декември 2010 година. Тој пред Судот тврдеше дека не е виновен и дека никогаш не склучил должничко-доверителски односи со приватната организација „Градски аптеки“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1