Паѓаат цените на становите


Цените на становите во земајва во последниот квартал од минатата година бележат пад, регистрира Народна банка на Македонија. Според Централната банка индексот на цените на крајот на минатата година паднал за 3%.

stedi za stan– По прекинот на речиси двегодишниот надолен тренд што се случи во третиот квартал, цените на недвижностите во последниот квартал на 2013 година повторно следат надолна патека на движење. Имено, индексот на цените на становите забележа намалување од 3% на квартална основа. Ваквите движења на квартална основа придонесоа за забрзување на падот на годишна основа, пад од 3,8%, по падот од 1,3% во третиот квартал на 2013 – наведуваат аналитичарите на НБМ.

Објаснување за намалувањето на цената на становите тие бараат во невоедначената понуда и побарувачка на пазарот на недвижнини, карактеристична за изминатите неколку години. Така, во првите три квартали од минатата година остварен е висок збирен раст во изградба на станбени згради, кој изнесува 80%.

– Понискиот број издадени одобренија за изградба на станови во третиот квартал на 2013 година, исто така, укажува на веќе релативно висока понуда. Дополнително влијание врз падот на цената на становите имаат и намалените трошоци за изградба, односно на трошоците за материјали – стои во извештајот и се додава дека на страната на побарувачката, пак, станбените кредити во последниот квартал на годината забележале забрзување на растот. Ова делумно е резултат на промотивните понуди за станбени кредити на дел од банките при крајот на годината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1