Полусестрата на Џулија Робертс пронајдена мртва во Лос Анџелес


Голема семејна трагедија ги потресе Џулија и Ерик Робертс. Нивната помлада сестра Ненси е пронајдена мртва изминатото утро, пишува Њујорк Дејли њуз. Ненси Моутс имала 37 години, а наводно се предозирала.

julija roberts„Семејството е шокирано и во болка, Во најдлабока тага потврдуваме дека Ненси Моутс е пронајдена мртва“ – јави семејството преку портпаролот.

Иако се уште нема официјална потврда од обдукција, се претпоставува дека починала од предозирање со дрога.

Во ноември Моутс даде интервју во кое прозборе за својот однос со полусестрата. Открила дека Џулија често ја малтретирала поради проблемите со тежината.

Со оглед на тоа дека цел живот имала проблеми со тежината, Моутс држала драстична диета и вградила желудечна мрежа. Во текот на споменатото интервју, таа живеела со свршеникот, со кого планирала и свадба годинава.

bullying-hermmaa1108

nensi-mrtva-jr-01

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1