Нема да поверувате што се се става во најпознатите сендвичи!


Во лебот кој го користи познатиот синџир за брза храна Сабвеј, познат по големите и вкусни сендвичи, се наоѓа хемикалијата азодикарбонамид. Таа е клучна состојка на јоги-душеците и ѓонот на чизмите.

sendvici1-630x424Сабвеј објавил дека планира да ја отстрани оваа хемикалија, за да го подобри квалитетот на својата храна.

Објавата дошла после петиција покрената на интернет, која барала овој ланец да престане да користи азодикарбонамид во својот леб. Претставникот на Сабвеј рекол дека наскоро ќе биде исфрлена од употреба.

Блогерот Вани Хари вели дека и други компании кои произведуваат храна ја користат оваа состојка, а една од нив е и Крафт фудс.

Хари вели дека таа состојка се користи за правење на јоги-душеци и ѓонови од чизми. Истакнал дека е особено срамно што Сабвеј користи ваква состојка, а се промовира како компанија која се базира на здрава исхрана и здрав живот.

Сабвеј постои на повеќе од 39.000 локации ширум светот, а фирмата потекнува од Конектикат.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1