Краткотраен прекин на струја, ја остави без дланка 19-годишната девојка. Во темното, таа наместо свеќа запалила патарда која и експлодирала во раката
– Без неколку прсти таа е донесена во Штипкста клиничка болница, но оттаму итно е препратена на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Прогнозите за спас на нејзината дланка не се добри и можно е таа целосно да го загуби овој дел од раката, пренесе Нова Македонија.
Инаку, петардите биле набавени ден претходно и наменети за прослава на Сурова, но наместо забава тие на радовишанката и донеле траен инвалидитет.
Нетпрес