Пак не лажат: Тестови откриле големи измами со штедливите сијалици


Резултат од тестови кои ги спровело здружението на потрошувачи покажуваат дека животниот век на ЛЕД сијалиците, кои се рекламираат како енергетски штедливи и исплатливи, значително е покус од наведениот на амбалажата. Тестирани се 46 видови на сијалици, а само над една четвртина преживеале 15.000 часа – колку што треба да траат.

slike-tehnologija-1-eko_sijalice_417262452Штедливите сијалици кои се темелат на ЛЕД технологијата, како што се рекламираат, треба да користат околу 90 отсто помалку електрична енергија од стандардните сијалици. Квалитетот на светлината и нивниот век на траење, кои како што велат се далеку над другите сијалици, треба да ја оправдаат високата цена по која се продаваат.

Но, некои тестирани ЛЕД сијалици не го доживеале ни законскиот минимум од 6.000 часа, што е стандард според директивите на ЕУ.

Тестовите ги спровело европското здружение на потрошувачи и тоа така што 46 видови сијалици вклучувале на 165 минути, па ги исклучувале на 15 минути и тоа во континуитет додека сијалиците не прегореле.

Многу примероци од пет типови на сијалици од кои некои чинат над 12 евра, престанале да работат и пред 6.000 часа. Многу примероци од пет видови на сијалици не успеале да преживеат ни 10.000 часа, иако на нив е наведен рок на траење од најмалку 25.000 часа.
66 од 230 примероци разни штедливи ЛЕД сијалици не издржале ни 10.000 часа, иако производителите навеле дека ќе траат најмалку 15.000 часа, пишува Дејли Меил.

Се повлекуваат спорните серии

Според резултатите од спроведените тестови, најлошите ЛЕД штедливи сијалици се на голем производител на мебел и уште на една компанија. Двете компании навеле дека ќе го прекинат производството на сијалици кои потфрлиле на тестовите.

Производителите рекле дека спорните сијалици ги поминале нивните тестови и тестирања во овластена лабораторија. Најавиле дека ќе ги повлечат од рафтовите во продавниците во Велика Британија, но не е јасно што ќе биде со тие кои се продаваат во другите држави.

Се проценува дека само во Велика Британија во последната година се продадени пет милиони спорни ЛЕД сијалици.

Евтин производ – поголем ризик

Иако производителите тврдат дека нивните сијалици имаат животен век од 15.000 или дури 25.000 часа, еден од членовите на тимот кој учествувал во истражувањето предупредува дека тестовите потврдиле дека вистината е сосема поинаква. Со оглед на тоа дека смислата на ЛЕД сијалиците е долг животен век и заштеда на енергија, се чини дека се работи за голема измама.

Предупредувања за неквалитетните ЛЕД сијалици кои можат да откажат многу пред очекуваниот рок, имало и пред ова истражување.

Начелно гледано, купувањето на ЛЕД сијалица која е составена од помалку квалитетни компоненти, значи и поголем ризик. Пред да се одлучите да купите било кои други штедливи сијалици, најпаметно е да се прогугла одредениот производител и да се види какви се искуствата на купувачите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1