Има пет години, висока 68 сантиметри – слатката Шарлот од Велика Британија е најмалото девојче на светот.
Единствената Шарлот страда од пореметување на растот, а имала два килограми кога била родена, сепак таа води нормален живот како сите останати деца. Оди на училиште и посетува курс по јавање.
Иако е прогласена за најмало девојче на светот, официјално не е запишана во Гинисовата книга на рекорди.