Панамските документи украдени во хакерски напад?


Еден од основачите на адвокатската канцеларија во Панама која се најде во центарот на светски даночен скандал изјавил дека неговата фирма поднела тужба до панамските обвиители во која се наведува дека податоците се украдени во хакерски напад од странство.

Рамон Фонсека рекол дека таа панамска фирма „Мосак Фонсека“ има доказ дека хакерскиот напад е извршен од Европа, одбивајќи да наведе детали.panama_dokumenti1

„Не можам да зборувам повеќе, бидејќи случајот е под истрага“, рекол тој за агенциите.

Фонсека рекол дека неговата фирма не направила никакво злосторство, како дека луѓето „на крајот на оваа песочна бура појасно ќе гледаат“.

Многу политички лидери, истакнати личности, како и неколку десетина милијардери се наоѓаат на списокот на Меѓународниот консорциум на истражувачки новинари кој врз основа на досиејата пласирани од панамската фирма „Мосак Фонсека“ спроведе истрага за офшор бизниси на светската елита и затајувања на данок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1