Музичарот Владимир Блажев – Панчо, вокалистот на групата ДНК е префрлен во скопската клиника „Систина“ каде е поставен на интензивна нега.
Состојбата на Панчо се влошила синоќа. Македонската пејачка Ребека синоќа апелираше за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани.

Таа објави дека Панчо е на апарати и дека состојбата му се влошила.
Владимир е во Систина, префрлен е вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.
„Да се молиме за секој што се бори за живот. Да се молиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме почести, иако имаше само 12 или 13 години. “Панчо, не се откажувај!!! Вечерва е префрлен. Трахеата му е многу жешка. Тој е на апарати за одржување”, напишала Ребека.
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски вечерва упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека Владимир, или попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена.
Панчо мил, Те молам не се предавај!!!