Пандов: Утре е денот Д, кога татковината ќе стане Северна, а народот без идентитет и историја


Александар Пандов денеска ги повика граѓаните утре да се соберат во што поголем број и „повторно гласно да крикнеме и го повториме нашето не согласување со измените на Уставот“. Тој вели дека утре треба да присуствува секој кој се чувствува како Македонец, без оглед на партиската определба.

После сите бомби, пленуми, шарени куртони и Сорос, после СЈО и сите уцени, судења, притвори за патриотите и политички прогони, преку насилното превземање на власта на 27 април и инсталирање на хунтава, па референдум, за жал дојдовме до денот Д. Утрешниот ден е денот после кој нашата татковина ќе биде преименувана во Северна, а македонскиот народ ќе остане без идентитет и историја. Во минативе години многу, многу протести и лични жртви понесоа, а дел (Ќосето, Чавков, Ченто, Дурловски, Игор Југ) и сè уште страдаат само поради својата борба во одбрана на она што е за секој Македонец исконско, дека е Македонец, кој говори македонски јазик и е од Република Македонија.

Утре Таљат ја има закажано седницата во 12 часот во собранието, а Македонците закажаа протест пред Собранието. Во тоа име, а и во име на сите жртви кои сега ја плаќаат цената на нивната љубов кон Македонија, ве повикувам во што поголем број да се собереме и повторно гласно да крикнеме и го повториме нашето не согласување со измените на уставот. Очекувам без разлика на партиска определба дека секој кој се чувствува како Македонец да присуствува.

Малку е надвор од контекст, но би сакал да предупредам. Во периодов гледам засилена активност на одреден број политичари кои веројатно се гледаат како претседателски кандидати. На секого од нив му е познат мојот став за бојкотирање на претседателски избори без парламентарни (Пржинска влада), но како и да е им посакувам лична среќа и успех. Меѓутоа, нивното отсуство од утрешниот протест за мене тој политичар/ка, го прави подеднакво легитимна мета во наредната кампања, буквално иста, каква што ќе ми биде консезуалниот кандидат на СДС и ДУИ, Зоран Заев, повика Пандов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1