Руските власти се уште не се огласија, а жителите и медиумите шпекулираат дека се работи за метеорит. Во секој случај, покрај силниот блесок, небото над Мурманск, го “пресече“ мистериозен објект.
Жителите на полуостровот Кола во Русија беа сведоци на необична случка на небото, кога светлосен објект сличен на метеор прелета преку хоризонтот во саботата рао изутрина по локално време.
Сведоци на случката велат дека и покрај силната светлина, не се случнал никаков звук на експлозија.
Светлосниот објект потсетува на познатиот метеор над Челабинск, кој падна во оваа област февруари минатата година.
Официјална потврда за оваа случка нема, освен дека се истражува и дека се уште е непозната природата на небесниот објект.