Повеќе од 100 најлоши украински криминалци избегаа на слобода откако во неделата затворот во Доњецк беше ракетиран и разрушен.
Надлежните служби објавија дека еден затвореник е убиен, тројца се повредени, а дури 106 успеале да побегнат, пренесума Дејли Меил.
Во борбите кои се водат помеѓу украинската војска и руските сепаратисти една ракета дирекно ја погодила зградата на затворот, по што криминалците едноставно излегле надвор.
Затворениците што избегале се осудени за убиства, силувања и грабежи.
Портпаролот на градскиот совет Максим Ровенски, изјави дека при ноќното гранатирање погодени се најмалку 10 куќи и дуќани, а 20.000 луѓе се без електрична енергија.