Паника во Доњецк: Повеќе од 100 најлоши криминалци избегаа од затвор


Повеќе од 100 најлоши украински криминалци избегаа на слобода откако во неделата затворот во Доњецк беше ракетиран и разрушен.

ukrajina-donjeck-bobmardovanje-aerodrom-tanjug-1401114919-504885Надлежните служби објавија дека еден затвореник е убиен, тројца се повредени, а дури 106 успеале да побегнат, пренесума Дејли Меил.

Во борбите кои се водат помеѓу украинската војска и руските сепаратисти една ракета дирекно ја погодила зградата на затворот, по што криминалците едноставно излегле надвор.

Затворениците што избегале се осудени за убиства, силувања и грабежи.

Портпаролот на градскиот совет Максим Ровенски, изјави дека при ноќното гранатирање погодени се најмалку 10 куќи и дуќани, а 20.000 луѓе се без електрична енергија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1