По руската офанзива на Украина се создаде паника во Киев.
На излезот од Киев има голем сообраќаен метеж. Исплашените граѓани во колони автомобили бегаат кон западните граници на земјата.
На социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа како Украинците го напуштаат Киев додека во градот свират сирените за тревога.
BREAKING: Air raid sirens wail across Ukraine’s capital pic.twitter.com/jclNZ5h7kx
— BNO News (@BNONews) February 24, 2022
Голема гужва има на метро станиците каде луѓето се обидуваат да се качат во возовите.
Долги редици се евидентирани и на бензинските пумпи како и на банкоматите каде луѓето подигаат пари, пишува Дејли Мејл.