Панта имаше 13 години, а еве поминаа 12 години и неговите убијци како и на Иван не можат да се пронајдат како ни убијците на 1.400 Срби по судирот на Косово.
Тоа некој намерно го прави, дали свесно или не, незнам но тоа е работа што знаевме дека ќе се случи, изјави Милисав Дакиќ, татко на еден од двете убиени момчиња во Горждевац. Тој истакна дека цела Метохија знаела за несреќата и дека имало и некои кои се радувале што децата се убиени на Бистреница. Рече дека лично на полицијата на УНМИК, а потоа и на ЕУЛЕКС им доставил докази врз основа на која може да се открие идентитетот на сторителите и стратегот на злосторството во Гораждевац.
– Не е ова обично злосторство, ја разбирам дека може некој некого да убие, да го киднапира, но да пукаш во 100 голи деца, со 78 куршуми во два рафали и еднап поединечно, тоа е злостор над злосторите- смета таткото на убиениот Пантелије Панта Дакиќ. Опишувајќи го злосторството што се случи пред 12 години, Дакиќ рече дека децата бегајќи од куршумите и пукањето „оставале кожа и месо на бодликвата жица“.
-Да се пука на дете кое имаше година дена, тоа е надвор од ум. Овде нема демократија, овде никогаш нема да ја има и никогаш ниту ја имало. Ова не е прв сличај да ми убијат некого од фамилијата. Ми убиваа блиски и во 1939 и 1941. Колку жртви треба да дадам за да се најдат сторителите, прашува тој.
Милош Јововиќ, татко на убиениот Иван (19) вел дека дури и обичен полицаец, припадник на косовската полиција, која регулира сообраќај на пат, го знае идентитетот на нарачателите и извршителите на убиството на неговиот син и помалиот Пантелија Дакиќ.
-Се се знае, но поради страв од одмазда или заради некоја поголема цел одговорните не смеат пред лицето на правдата да ги изведат одгороворните – вели Јововиќ и додава дека ниту црната земја ќе нема спокој додека одговорните злосторници не ги стигне заслужената казна,
Обвинителот го затвори случајот
Убијците на момчињата покрај наградата од милион евра и ветувањето од УНМИК дека ќе ги најдат и под дрво и под камен, не се познати, а за злосторството врз невините деца и по 12 години никој не одговараше.
Обвинителот од Специјалното обвинителство на Косово случајот го затвори во 2010 година, зошто истрагата не дала никави резултати, ниту се посочени осомничени или пак нови информации. Во Гораждевац денеска живеат помалку од 1.000 Срби во целосно албанско опкружеување.