Папа Франциск: Сите бискупи кои ги криевте свештениците-педофили да си дадете оставки!


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск упати порака до секој бискуп кој ги штител и криел свештениците осомничени за педофилија да си поднесат оставки.papa

Папата го кажал ова во авионот во текот на летот кога се враќал од Мексико кон Ватикан. Токму во Мексико има жртви на најголемиот педофил Марсијал Масијело кои и понатаму се борат со траумите од неговото злоставување.

– Тоа е монструозно, рекол папата коментирајќи ги злоставувањата на свештениците вклучувајќи го и Масијело кој почина во 2008ма година на 88 годишна возраст.

Педофилски скандали го тресат и Ватикан со години, но никој не кажал јавно како ќе се стави крај на тој злочин. Според статистичките досиеа од 400 000 свештеници меѓу кои се и бискупи и кардинали кај 8000 е запишана педофилија.

И претходникот на Франциск бил соочен со слични податоци, тој се обидуваше да го санкционира и Масијело но тоа не беше возможно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1