Ако продолжат ниските температури, скопјани, кои се приклучени на парно греење, ќе се топлат до крајот на месецот.
Диструбитерите од денес не мора да чекаат температурата во 21 часот три дена по ред да биде 12 Целзиусови степени или пониска, туку можат уште истиот ден да ги стартуваат топланите. Тие добиле дозвола од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да испорачуваат греење како да е грејна сезона, велат нашите избори.
Инаку грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април.
Според правилникот, од 13 до 29 април, топланите се во приправност и можат да стартуваат со греење доколку температурата во 21 часот три дена по ред е 12 степени, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
Извор: Мета