Паско Кузман оди во пензија


Паско Кузман повеќе не е диркетор на Управата за заштита на културното наследство поради неговото заминување во пензија. Пред две недели Кузман наполнил 65 години со што ги исполнил условите за заминување во пензија, пишува Фокус.
„Во текот на денот ќе биде распишана постапка за именување на нов директор. На Кузман му благодариме за досегашниот ангажман, тој има покажано значајни резултати и достигнување во реализација на програмата и има дадено исклучителен придонес во културната сфера, водејќи ја институцијата. Ги исполнува законските услови за одење во пензија и ние очекуваме лицето што ќе биде именувано да продолжи со интензитетот и со динамиката, да внесе нова енергија и свежина и активно да придонесува во реализација на проектите“ – вели за Фокус владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Кузман до Упправата директорува во 2 мандати од 2006 година.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1