Авионот на корејската „Азијана ерлајнс“, од типот „боинг 777“ се урна за време на слетувањето на интернационалниот аеродром во Сан Франциско. Авионот летал на релација Сеул – Сан Франциско.
Според првичните информации, авионот при слетувањето удрил во пистата и се запалил. Патниците биле заглавени во авионот и наводно не можеле да излезат надвор.
На местото на несреќата веднаш пристигнале противпожарни служби, а детали за несреќата ќе бидат познати по увидот.
Обновено – Според последните информации во авионот имало 290 патници, едно бебе и 12 члена на екипажот две лица се починати, а повеќето од патниците кои го преживеаја уривањето на авионот Boing 777 на Asiana Airlines се во добра здраствена состојба освен како што јавува CNN 8 возрасни лица и 2 деца се хоспитализирани и се критично – лекарите се борат за нивните животи.
Повеќе информации од следењето во ЖИВО наABC NEWS