Видео снимката на која патниците и вработените во железничката станица во Перт, Австралија, се здружија за да го спасат момчето чија нога се заглави меѓу ваконот и перонот, набрзо се рашири по социјалните мрежи.
Се се случи на станицата Стерлинг во близина на Перт, кога момчето кој се обиде да влезе во возот остана заглавен меѓу вагонот и перонот. За среќа благодарение на брзата реакција на патниците и вработените, човекот е спасен така што го поткренаа возот кој е тежок повеќе од десет тона.
– Веднаш го известивме машиновозачот за случајно да не тргне возот. Нашите вработени со помош на патниците успеаја да го поткренат возот за да се извлече несреќното момче, изјави портпаролот Дејвид Хајнс.
Брзата помош брзо стигна, а момчето не претрпе поголеми повреди.