Патници во авион на ЈАТ се искршиле од ќотек при слетување во Белград


Вистинска драма и паника меѓу патниците се случила вчера во авион на ЈАТ пред слетувањето во Белград. Авионот LH 6605 летал на линија Мајорка – Белград.

Пред слетувањето двајца патници кои седеле еден до друг прво почнале гласно да се караат, а потоа почнале и физичка пресметка. Како на филм се фрлале еден си друг на соседните седишта, летале тупаници, клоци и боксови.

Незнаејќи за што станува збор патниците ги фатила вистинска паника. Степаните пак не можеле да ги раздвојат ниту членовите на екипажот, морало да им помогнат и некои од патниците. Кога слетале полицијата веднаш ги уапсила двајцата.

Според очевидците едното од момчињата со име Џек, кој седел во средина, цело време провоцирал. Кога почнала тепачката една девојка создала дополнителна паника, мислела дека се работи за бомбаш, дека авионот ќе се урне и почнала да писка и да вика.

Приведени се двете момчиња и нивните девојки. Нема информации чии државјани се.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1