Павле Трајанов до Уставен суд бара да се оцени законитоста за распуштањето на парламентот


Демократскиот сојуз до Уставен суд достави Иницијатива  за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.pavle trajanov

„Не само што се работи за необмислен потег, досега непознат во историјата на парламентарното работење, туку со него директно се крши и Уставот на Република Македонија, односно одредбата од чл. 63 ст. 3 од во која децидно е наведено дека ‘избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието’“, рече претседателот на ДС, Павле Трајанов.

Тој додаде дека Уставниот суд треба да  поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија и да донесе одлука за укинување на истата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1