ДИК неможе да го прочистува избирачкиот список – чека зелено светло од партиите


ДИК сеуште чека согласност од четирите партии за пречистување на избирачкиот список бидејќи работната група сеуште нема доставено забелешки и одобрување за да се усвои методологијата-рече претседателот на Државната изборна комисија Чичаковски. Засега комисијата работи само на организационо-техничка подготовка. izbori livce
Од утврдената методологија според првиот човек на ДИК ќе зависи и времето кое ќе биде потребно за овој процес.
Претставници на државната изборна комисија беа на прва работна средба во Владата. Добија ветување од премиерот Емил Димитриев дека бидат направени сите услови за организирање на условите.
За подготовка и спроведување на предвремените избори, на Државната изборна комисија ќе и требаат осум милиони евра. ДИК едногласно усвои одлука за вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1