Грипот коси – голем број заболени во Македонија


Според податоците на Институтот за јавно здравје изминатата недела биле пријавени 611 граѓани со симптоми на грип. Тоа е двојно зголемување во споредба со неделата претходно. Грипот во моментов е во експанзија и се очекува бројот на заболени да расте.lekari
„Втората половина на јануари и февруари очекуваме да имаме и најголем број, епидемиолошки податоци кои досега ги обработуваме го потврдуваат тоа, така што во втората недела на 2016 досега е забележан и највисокиот број на случаи односно 611“, рече Владимир Микиќ-доктор од Инстотутот за јавно здравје.

Докторите потсетуваат граѓаните да ги применуваат препораките за превенција од ова заболување.
„Да се одржува хигиена на раце бидејќи покрај воздушен пат, вирусот може да се пренесе и преку контактен пат, преку допир со секрети на заболено лице, потребно е да се избегнува блиски контакти со лице кое има симптоми на грип, а доколку имате симптоми на грип да не се оди на работа, да се намали ширењето на заболувањето“, додава Микиќ.

Во декември биле забележани 592 случаи на грип, а само во првите две недели на јануари 888. Како најсигурна заштита против заразата се препорачува вакцинацијата. Таа посебно им е потребна на хронично болните, на постарите лица и на децата кои немаат силен имунитет и кај кои грипот може да предизвика компликации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1