Мамо ме тепаа во затворот – напишал Далибор пред да почине во Идризово


Пет месеци по смртта на Далибор Георгиев кој почина во затворот Идризово под неразјаснети околности, неговата мајка Панда тврди дека пронашла писмо во неговите лични работи кои и биле вратени од затворот.

panda gorgieva
Георгиева за НОВА вели дека во писмото, кое го открила случајно во една од книгите кои ги читал во затворот, Далибор напишал дека бил тепан од чуварите. Писмото го завиткал неколку пати во еден проспект, кој потоа го ставил меѓу страниците на книгата. На белиот лист хартија пишува: „Мамо ме тепаа чуварите и директорот.“ На крајот од писмото Далибор се потпишал.
dalibor georgiev
Веднаш по ова, Панда отишла кај адвокатот која го води случајот и го покажала писмото и ќе бара одговори од што и како починал нејзиниот син
Далибор почина на 3 септември во затворот Идризово. Неговото семејство тврди дека на телото од починатиот имало модрици, а на вратот траги од давење. Го фотографирале пред да биде погребан, по што случајот е пријавен во Хелсиншкиот комитет и кај Народниот правобранител.

Далибор во затворот помина четири и пол месеци. Беше осуден на пет години затворска казна за педофилија, со обвинение дека покажувал порнографски фотографии и извршил полов напад на малолетничка.

Повеќе информации за овој случај на – Новатв.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1