Вода, ракавици, гумени чизми, средства за дезинфекција. Трговците за овие производи ќе мора да ги вратат старите и реални цени, од пред невремето.
Оваа одлука државата ја донесе доцна синоќа на владина седница, откако дел од трговците ја злоупотребија состојбата со поплавите и гумените чизми и другите неопходни производи кои во моментов се неопходни во изминативе четири дена ги продаваат двојно поскапо. На ваквиот однос од трговците голем број граѓани се пожалиле во пазарниот инспекторат. Мерката веќе стапи на сила и првично ќе важи до 31 август, а ако има потреба ќе биде продолжена. Надлежните најавија и строги контроли и казни за сите кои нема да ја почитуваат одлуката.
Надлежните со предупредување и до пазарџиите. Ако се забележи зголемување на цените на земјоделските култури и таму ќе се интеревенира со ваква мерка.
Вчера и од органзиацијата на потрошувачи реагираа на ваквиот однос на трговците. Апелираа тие да бидат хумани, а не да ја користат оваа елементарна непогода за да заработат. Од таму сметаат дека е потребна ваква мерка во услови кога е прогласена кризна состојба.