Пеколот допрва доаѓа, температурите ќе се искачат до 77 степени


Рекордните температури забележени годинава во земјите од Мароко до Саудиска Арабија можат да бидат само најава за вистинскиот „пекол на земјата“ што допрва доаѓа, предупредуваат стручњаците за климатологија.

Рекордните температури забележени годинава во земјите од Мароко до Саудиска Арабија можат да бидат само најава за вистинскиот „пекол на земјата“ што допрва доаѓа, предупредуваат стручњаците за климатологија.toplo-vreme

Како што пишува „Вашингтон пост“, во децениите што следат Блискиот исток ќе биде погоден од екстремен недостиг на вода и температури што ќе биде речиси невозожно да се преживеат, како и останатите последици од глобалното загревање.

Доколку тоа се случи, судирите и бегалските кризи ќе бидат многу потешки од оние на кои сме сведоци денеска, рече високиот советник на ОН за арапските земји, Адел Абделатиф, кој со години наназад го проучува влијанието на климатските промени на Блискиот исток.

-Ако температурата продоллжи да расте, ќе следат далеку поголеми судири и бегалски кризи во однос на овие што денеска ги имаме, преупреди Адел Абделатиф.

Во Обединетите Арапски Емирати и во Ирак оваа лето се забележени рекордни топлотни индекси (величина што се пресметува врз основа на температурата на воздухот и неговата релативна влажност), додека и во околината се утврдени досега невидени температури од кога постојат мерења.

Во Џеда (во Саудиска Арабија) се измерени 52 степени, во Басра (во Ирак) 54, колку и во кувајтскиот Митрибах. Овие мерења ги потврди и Светската метеоролошка организација, со што и официјално се соборени рекордите во источната хемисфера.

До 2090 година во Персискиот Залив ќе биде претопло за живеење.

Поради жештините, локалните влади веќе сега прогласија задолжителни официјални празници. И покрај тоа, огромен број вработени заминуваат на работа бидејќи единствено таму имаат клима уреди. Во текот на денот улиците на главните градови се целосно празни, а заради врелините жителите со часови немаат струја.

Во магазинот „Nature climate change“ неодамна е објавено дека Персискиот залив до крајот на векот би можел да остане пуст бидејќи компјутерските симулации откриле дека дневните температури би можеле да се искачуваат и до 77 степени Целзиусови.

Обединетите нации предвидуваат дека вкупниот број жители во 22 арапски земји до 2050 година може да нарасне за дури 600 милиони, што дополнително ќе ја проблематизира и онака претешката ситуација, пренесе Индех.хр.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1