Се запали стан во Аеродром- 5 пожарни на терен


Пет возила на против пожарната единица од Скопје вечерва интервенираа на пожар во стан на улица ‚‚Владимир Комаров“.pozar mk3

Според информации од екипите кои биле на терен, повозрасна жена пожарот најверојатно го предизвикала од невнинимание заборавајки електричен апарат од домаќинството, но за што точно се работи ќе треба да утврди истрагата.

Според првичните информации пожарот ја зафатил дневната соба, а пожарникарите го изгасиле огнот кратко по пристигнувањето, пренесува Република.

Увид ќе вршат екипи на СВР Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1