Лекарите во Институтот за итна медицинска помош во кантонот Сараево имале интересен случај минатата недела, кога бил доведен млад пациент, кој имал мошне чудни реакции под дејство на дрогата.
Само за 24 часа истите симтоми биле забележани во уште шест случаи. Од шестмина пациенти под дејство на дрога две лица имале епилептични напади, голема мачнина и тешко психо-физичко растројство. Останатите четири лица биле во апстиненцијална криза. Сите пациенти се чувствувале мошне лошо.
– Станува збор за нешто непознато. Или во Босна и Херцеговина влегла некоја нова синтетичка дрога или станува збор за нечиста дрога, изјави директорот на Брзата помош, Сена Софтиќ Тарлјановиќ.
Директорот на Институтот за алкохолизам и други наркотични средства Нермана Мехиќ Басара изјави дека не може веднаш да се открие дали станува збор за нова дрога или пациентите мешале алкохол и некои други супстанци, што исто така може да предизвика тешка психо-физичка реакција, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз“.
Во Европа минатата година се откриени 81 нов вид на дрога