Печатот на фактурите заминува во историјата. Од почетокот на месецов компаниите повеќе немааат обврската да го користат. На фактурите за извршен промет или услуга ќе стои само целосното име презиме и потпис на лицето кое е овластено да ги потпишува. Со ваквата измена печатот целосно ќе биде исклучен.
Новина е и тоа што фирмите од годинава во образецот- државна евиденција покрај досегашните податоци за материјалните, нематеријалните средства, приходи од продажба, дивиденди, ќе треба да внесат и податоци за кредитите кои ги има подигнато компанијата во текот на годината, на кого и каде зајмувала, средствата во акциии и удели, сопственичкиот капитал и други инфомариции кои се важна за анализа на фирмата.
Периодот по нова година за македонските стопанственици е полн со работа. Tреба да изготват еден куп извештаи и да ги достават во утврдени рокови. Збирен податок за платен персонален данок и придонеси за вработените , ДДВ пријава, годишните извештаи за персонален данок на доход , завршната сметка , годишните даночни пријави за физички лица, статистички податоци и извештаи за НБРМ, се само дел од документите кои во наредниот период имаат обврска да ги подготват.